Друштво за проектирање, инженеринг и услуги ПРОГЕН З ДОО е основанo во 2008 година како компанија која првенствено се занимава со проблематиката од областа на заштитата при работа, а со тоа и доследно исполнување на светските норми за зачувување на безбедноста и здравјето на вработените во Република Македонија, притоа водејќи грижа за интересите на работодавачите сите законски предвидени мерки да бидат запазени.

ПРОГЕН З знае како да Ви помогне во градењето на човечни услови за работа, а воедно и тука сме за Вас да ги испочитувате сите национални Законски побарувања и светски стандарди од оваа област.

Ќе ни биде особена чест и задоволство доколку ни допуштите заеднички да ја направиме Вашата компанија подобро место за работење.

Многумина од Македонија веќе се наши партнери, за кои ги исполнуваме Законски предвидените обврски на Надворешно стручно лице, институт кој во Македонија можат да го понудат само одбрани професионални организации кои ги исполнуваат предвидените Законски критериуми за работoти од областа на безбедност и здравје при работа.

Во нашиот тим во тековната работа се вклучени и надворешни соработници од разни профили, еминентни професори од различни профили во зависност од дејноста на нарачателот на кој ја испорачуваме професионалната услуга. 

Не е тајна дека единствено човечни услови за работа, со ризик доведен до прифатливи рамки овозможува средина во која квалитетот на производот да биде на високо ниво, задоволството да се биде дел од тоа професионално семејство е чест, како и привилегија на работодавачот да ги има најдобрите и најстручните да работат за него.

Ве повикуваме да не контактирате на следниве телефонски броеви или е-пошта:

Тел/факс: +389 23 24 50 56

Мобилен: +389 75 44 00 62 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

ПРОГЕН З

Иновативни методи за зачувување на безбедноста и здравјето на Вашите вработени