Врз основа на ПрогенЗ услуги, клиентот на годишно ниво ќе добива специјалистички извештаи за безбедноста и здравјето на работно место, како што се:
- Извештај за повреди на работа.
- Извештај за абсентизмот од работа заради заболувања поврзани со работната средина, повреди на работа и трошоците поврзани со исплатени vs. неизработени работни часови.
- Извештај за проценка на ризик по работни места изработена според OHSAS 18001 стандардот.
- Извештај за усогласеност на Корисникот со законските побарувања.
- Во соработка со стручното лице на клиентот, извештаи поврзани со трошоците за спроведување на системот за управување со безбедноста и здравјето на работното место.
- План за безбедност и здравје за следната фискална година изработен според методологијата на компаративна анализа и приоритети.
Овој тип на извештаи ќе му помогне на клиентот со што голем дел од проблемите поврзани со работниот процес да ги превенира, а со тоа и трошоците поврзани со нивното санирање т.е. обесштетување да се избегнат.